FAMIS Case Study Club е дел од работилниците на Факултетот за администрација и менаџмент на иформациски системи- Битола.

Case Study клубот е клуб на ентузијасти кои знаат дека само постојаното учење и усовршување може да им го отвори патот кон успехот. Тој е отворен за сите студенти кои знаат да му посветат огромно внимание на својот личен и професионален развој затоа што тој е клучот кон напредок. Членовите преку овај клуб имаат простор и место покрај редовната настава да се соочат со кејсови кои отсликуваат реални ситуации од разни области, преку интересни методи да решаваат проблеми, да усовршуваат презентерски вештини и секако да знаат дека со секој решен кејс се побогати за уште едно искуство.

Преку членувањето во овај клуб вие како студент можете да бидете сигурни дека секогаш ќе се искачувате едно скалило погоре во вашата кариера. Учите како да работите во тим и како заеднички да дојдете до решение на било кој проблем кој ќе биде исправен пред вас. Решавањето на кејсови од разни компании, големи, мали, јавни институции ве прави спремни за предизивиците со кои понатаму ќе се соочувате. Затоа членството во клубот за секој студент е креирање на предност пред другите, издвојување по знаењето и чекор со образовните текови во светот.

Менаџеријада Будва 2009

Менаџеријада е престижна манифестација од спортски, едукативен и забавен карактер која што на едно место ги собира студентите од областа на економиските и организационите науки од сите универзитетски центри во Србија и регионот. Оваа популарна манифестација се одржува вејќе 6 години во атрактивниот туристички центар на Црна Гора – Будва и е организирана од Економскиот факултет од Белград , нејзината голема поларност ја потврдува и фактот што секоја година на неа земаат учество од 1500 до 2500 студенти од преку 25 факултети од Србија и регионот. Факултетот за админстрација и менаџмент на информациски системи од Битола учестуваше на Менаџеријада 2009 која се одржа од 8 до 12 мај 2009 во атрактивниот туристички комплекс Словенска плажа. Студентите на ФАМИС се натпреваруваа во интелектуалниот дел од натпреварот, еден тим (5 студенти) во категоријата Case study и друг тим (3 студенти) во квиз на знаење, и ги постигнаа следните резултати разултати: Case study тимот кој го сочинуваа следните студенти – Весна Михајловска, Весна Ангеловска, Јане Мантароски, Милена Мазароска и Елена Велјановска - од вкупно 20 бодеви освои 16.83 бодеви со што се пласира на 7 место од вкупно 16 тимови. Тимот за квиз на знаење кој го сочинуваа следните студенти – Стефаноска Христина, Василева Елена и Бучукоска Анета го освои 9 место од вкупно 17 тимови.

Futur 2008

Нема објави.
Нема објави.